Работите никогаш не биле толку драматични како во последните 6 години кога немаме само лошо владеење, не само управување кое е навреда на интелигенцијата на народот, туку масовен удар по нашето постоење, рекомпонирање на погрешни и новосоздадени основи кои никогаш не биле дел од нашиот код, нашиот идентитет. Кога крадците не само на државното богатство, туку и на колективната среќа ни велат дека нè спасуваат за да ни донесат иднина, треба да знаете дека тоа се миговите кога најмногу нè предаваат и миговите кога Македонија се уништува повеќе од кога и да било порано, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неговото обраќање по повод 33 години од партијата.

Тој додаде дека од власта не уверуваат дека било европски да ги менуваме нашите традиции и нашите верувања, но дека е многу мала вредноста на зачувување на нашата нација, ако нашите традиции не ги сочуваме со неа, ако не го заштитиме нашиот јазик, култура и она што сме и по што се разликуваме.

„Ако некој намерно или не намерно не умее да препознае јасен знак на присутна опасност, тогаш јас можам само да кажам дека опасноста никогаш не била појасна и нејзината присутност никогаш не била по видлива. Потребна е промена во погледите, промена во тактиката како држава, промена во мисиите од страна на владата, на народот, од страна на секој лидер и поединец. Затоа што ние денес се соочуваме со акција за бесчувствително декомпонирање на македонскиот национален идентитет, кој се потпира врз мотивот за ширење на своите лукративни сфери на личното влијание на власта за сметка на колективниот интерес, на инфилтрација на личен интереси , наместо инвазија на знаење, на субверзија и одлоговлекување, наместо на избори на заплашување, наместо на слободен избор, на поклонување и наведнување на глава наместо на кажување на аргументи, на простодушност наместо разум, потенцираше Мицкоски.