При денешната посета на Општина Аеродром претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали ќе има предвремени избори додека Ковачевски вели дека нема да има реконструкција на влада и парламентарните избори се во 2024 година истакна дека Ковачевски не е човекот кој одлучува, во власта фактор се ДУИ, Али Ахмети и парите од тендерите што се делат, а најдобар термин за предвремени избори е на пролет.
„Час поскоро, час поскоро треба да се случат предвремени парламентарни избори првиот возможен термин треба да се случат тие предвремени парламентарни избори ако ме прашувате за конкретни дати сега не би зборувал за конкретни дати но мислам дека оваа пролет е одличен период кога би можеле да се случат тие предвремени парламентарни избори затоа што колку подолго остане оваа влада на ДУИ и СДСМ толку повеќе ќе губи Македонија и толку помалку ќе не има во Македонија, а сите буквално сите сакаат да направат штета на Македонија и на македонскиот народ сите, сите буквално партии во Македонија се организирани најпрвен преку ВМРО-ДПМНЕ да направат штета врз македонскиот народ а потоа и врз Македонија. Затоа мора час поскоро да се случат тие предвремени парламентарни избори за да престане Македонија да губи и да престане егзодусот на македонците од Македонија“, нагласи Мицкоски.
Во однос на тоа дали е возможно на пролет да има предвремени парламентарни избори бидејќи Ковачевски вели дека редовни би биле изборите, Мицкоски истакна дека Ковачевски не е човекот кој што одлучува.
„Го слушав вчера Ковачевски, Ковачевски не е човекот кој што одлучува, таму одлучуваат два фактори, таму одлучува ДУИ и ДУИ е свесен и Али Ахмети дека тој никогаш нема да биде во подобра позиција од оваа сега, најсреќен во оваа позиција е ДУИ и Али Ахмети. И вториот фактор се парите што се делат од тендерите во четири очи, таму нема стратегија, нема политичка мудрост нема визија, таму фактор е ДУИ и парите што се делат, но за среќа работиме на тоа да ги дефакторизираме овие два фактори, едниот е ДУИ и Али Ахмети а другиот е парите што се крадат, затоа што новата влада на ВМРО-ДПМНЕ има сериозна намера да се зафати со пресметка на криминалците во политиката, а тие во оваа влада ги има многу“, истакна Мицкоски.