Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски објави дека купи сезонски билети за да го помогне фудбалскиот клуб Вардар.

-Денес купив 30 сезонски карти за ФК Вардар. Да го помогнеме Вардар, да покажеме дека навивачите се тука за најтрофејниот македонски клуб. Со срце за Вардар, објави Мицкоски.