Законот за „Бехтел и Енка “ виси пред Уставен суд .  Едно од најконтроверзните законски решенија кои беше донесено насила по теркот на турско – американскиот конзорциум ќе се чешла од највисоката правна инстанца во државата .

Предметот е отворен по иницијатива од Хелсишнки комитет поради закана за манинупалиција и нееднаков третман на работниците .  Уставен ќе ги чешла членовите во законот со кој министерот за финансии ќе  одредува кој како ќе биде платен  и членот со кој се дозволува повеќе од 8 часа неделно.

Во моментов предметот го минал првиот филтер на Уставен,  и е предаден кај тим од советници и судии, а допрва ќе се испитува она што е наведено во Иницијативата .

И покрај силниот притисок од јавноста и предупредувањето од синдикатите и работниците, валста на сила го протурка  Законот за работни односи со европско знаменце заедно со уште 8 други закони во мај годинава . Опозицијата предупредуваше дека законот се носи затоа што државата се обврзала кон Бехтел и Енка на тоа ,  а во спротивно ќе треба да се платат милионски суми пенали , а власта се правдаше оти законите се носеле за побрза изградба на коридорите, иако сеуште ни еден камен не е поместен . Дали ако законот падне на Уставен не чекаат пенали , не е познато затоа што договорот сеуште никој го нема видено, па не знаеме на што сме обврзани како држава

Експертската јавност критикуваше дека токму законот поради тоа што има ознака за проекти од стратешки национален интерес во иднина ќе предизвика работниците да не бидат заштитени и прекувремената работа да стане пракса.   Уставниот суд во 2020 еднаш веќе пресече дека е противзаконски да се работи 60 часа неделно поради  неедннаков третман и дискриминација на работниците