– Кога на почетокот ја обелоденивме оваа афера со лажните пасоши, со пасоши кои се даваат на балкански нарко-босови, тогаш од страна на власта бев обвинет дека сум саботирал акција која била во тек, сега видовме дека мафијата не е само во МВР, туку мафијата своите пипци ги пуштија и во дипломатијата, затоа имаме случај каде по дипломатски канали биле евакуирани лица кои биле барани преку Интерпол и останатите партнерски држави, истакна Мицкоски.

Рече дека онашто ВМРО-ДПМНЕ го зборуваше пред неколку месеци денес продолжува „да ја срами и да ја гуши“ Македонија, вовлекувајќи ја во „политичкото мочуриште“ коешто заедно оваа влада на СДСМ и ДУИ го донесле во државата.