ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да врши притисок, да се обезбедат што е можно повеќе вакви резолуции. Секоја таква резолуција е добредојдена.
Очекуваме такви резолуции од други наши стратешки партнери во периодот што следи, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на денешната посета на Ваташа, одговарајќи на новинарско прашање за став за последната Резолуција на Бундестагот.
„Но, тоа не е би рекол ни 5 проценти од тоа што овој народ го заслужува, а овој народ заслужува фер шанса каква што имале сите народи кои пристапувале на ЕУ. Тоа е без условување, без отстапки по националниот идентитет да може да покажеме колку знаеме и колку вредиме и во еден нормален процес на преговори да станеме земја членка на ЕУ“, изјави Мицкоски.
Мицкоски јасно укажа „Македонија не може да преговара континуирано под бугарски диктат“.„Тоа е она што го бара ВМРО-ДПМНЕ и се додека постои бугарскиот диктат Македонија во овој момент се чувствува обесправена. Граѓаните на Македонија не добиваат фер шанса“, заклучи Мицкоски.