Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот на партијата Владо Мисајловски денеска остварија средба со неговото блаженство архиерејот на МПЦ-ОА г.г Стефан.
На средбата честитав за храброста и мудроста на Синодот и поглаварот во делувањето на нашата Црква до патот на нејзината автокефалност, како чувар на нашиот идентитет и култура. акедонската црква која овозможува духовно обединување на нашиот народ е знаечаен столб во нашето суштествување како народ и земја. Да чекориме обединето, мудро и решително, порача Мицкоски.