Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во рамките на посетата на Ротердам, по повод Конгресот на Европската народна партија, оствари пријателска средба со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.

Со хрватскиот премиер, воедно претседател на сестринската Хрватската демократска заедница разговарале за економските предизвици со кои се соочуваат двете држави.

-Со мојот драг пријател Пленковиќ разговаравме и за продлабочување на соработката помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ХДЗ. Така што навистина имавме еден исклучително значаен конгрес на МВРО-ДПМНЕ, со кои уште еднаш покажавме дека ВМРО-ДПМНЕ гради партнерски односи со нашите сестрински партии и со европските држави, нагласи Мицкоски.

Делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски остваре повеќе билатерални средби запознавајќи ги соговорниците со актуелните економско политички состојби во Македонија.