Денес претседателот на ВМРО-ДПМНЕ г. Христијан Мицкоски заедно со секретарот за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Норвешка во Македонија, Н.Е. Кристин Мелсом.
Претседателот Мицкоски ги поздрави одличните билатерални односи помеѓу двете држави и посака соработката да се продлабочува и во иднина. Норвешка е партнер и пријател на Македонија, тоа треба да биде поттик за зголемена економска соработка во иднина.
На средбата се дискутираше и за криминалот и корупцијата кои што земаат замав секој ден се повеќе во државата поради неспособноста на оваа власт да се справи со истите.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски додаде дека со оваа власт Македонија не просперира. Власта не бележи напредок на ниту едно поле, реформи нема ниту во здравствениот систем, образованието се повеќе стагнира, а протестите секој ден ги има се повеќе од страна на работниците, пензионерите, и синдикатите.
Македонија ќе напредува по изборите кога ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде на власт.