Честитки за Украина и Молдавија!

Значи, очигледно е можно да се отворат пристапните преговори дури и ако не се постигне едногласност. Неопходната состојка се нарекува политичка волја и да останете верни на вашите вредности, во случајов европските вредности.

Пишува: Ивица Боцевски, поранешен амбасадор и вицепремиер

Што се однесува до мојата Македонија агонијата продолжува. Секогаш се истакнувавме кога бевме оценувани по објективни, транспарентни и демократски критериуми. Сепак, секогаш губевме кога бевме изложени на ирационалниот етнички балкански шовинизам и рамнодушноста на европските метрополи.

Најискрено им посакувам на Украинците брза европска интеграција. Ја заслужија! Тие се изборија и се борат за нивниот идентитет, култура и државност. Но, и на најцрните душмани не им посакувам македонски евроинтеграции.

Нашата европска приказна стана бескрајна ноќна мора пред многу години без речиси никаков крај.

Сепак, Македонија ќе стане членка на Европската Унија, но нема да ги заборавиме неправдите.

Се надевам и посакувам Европа да си ја најде сопствената душа во Украина онаа која што одамна си ја загуби во Македонија (и на Балканот).