Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, заедно со членовите на ИК на партијата, Ели Панова и Дафина Стојаноска и меѓународниот секретар Стефан Андоновски оствари средба со Роберт Скот Хејзлет и претставници на Националниот демократски институт.

На средбата се констатираше одличната соработка која ја има ВМРО-ДПМНЕ со НДИ, во форма на различни обуки, семинари, трибини и друг вид на едукативни и тренинг настани. Констариравме дека добрата соработка треба да продолжи и во иднина, и уште повеќе да се засилува. Разговарано беше и за актуелната состојба во државата, за што потенциравме дека Македонија е практично заложник на криминогеноста и корупцијата на СДС и ДУИ. Владеењето на правото е недостижна фантазија со оваа гарнитура на власт, и токму затоа се потребни промени, соопшти Мицкоски по средбата.