Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вчера вечер над два и пол часа во Отвореното студио одговараше на новинарските прашања од страна на петте главни уредници на националните телевизии Канал 5, ТВ Алфа, телевизија 24, АЛСАТ М и телевизија 21. На интервјуто на Македонската радио телевизија лидерот на опозицијата Мицкоски целосно ги разобличи лагите на владата на СДСМ и премиерот Димитар Ковачевски, како и го потврди ставот на партијата во однос на надворешната политика во врска со францускиот договор, внесувањето на бугарите во македонскиот устав, но и преговори за економската криза и сиромаштијата која владее во државата, а која е резултат на негрижата на власта, но и слабиот капацитет на владиниот економски тим и на задоцнетите мерки кои не даваат резултат.
Во однос на енергетската криза Мицкоски потенцираше дека доколку власта навистина сака да се справи со енергетската криза тогаш преку правилно менаџирање Македонија не би била увозна зависна земја на електрична енергија.
-Македонија нема да биде увозно зависна од електрична енергија, ако се направи на време план за модернизација на производните капацитетите како што постоеше пред 6,7,8,10 години во РЕК Битола, Осломеј или ако пак се продолжи со модернизација на хидро капацитетите односно електраните кои што од вода произведуваат струја, вклучително и сите оние проекти коишто се од приватна иницијатива, вклучително и капацитетот на термоелектрана или позната во јавноста како ТЕ-ТО Скопје, Македонија нема да биде увозно зависна од струја, рече Мицкоски и додаде дека квалитетно менаџирање во РЕК Битола можат да бидат оперативни 600 мегавати, 100 мегавати во РЕК Осломеј, од 250 до 350 мегавати од хидроакумулациите, 200 мегавати од ТЕ ТО и 160 од ТЕЦ Неготино, односно како што рече доколку правилно се менаџира од страна тогаш Македонија ќе има доволно струја за своите потреби, но и ќе има и вошоци и наместо увозно зависна, ќе може вишокот да го извезува надвор.
„Доколку ја имате вие оперативна РЕК Битола, трите блока модернизирани како што беше планот, ако имате доволни количини откриен јаглен, доволно количини ископан јаглен и одложен на греда, подготвен за горење во технолошкиот процес на РЕК Битола кој што потоа ќе произведува струја, тие можат комотно да произведуваат околу 600 мегавати. Еве нема да одам понатаму иако според планот беше да произведуваат 232,5 мегавати по блок, еве по 200 мегавати сигурно тие можат да произведуваат. Ако тука се стави производниот капацитет кој што не знам од кои причини денеска не е во функција, кој што има 30-тина мегавати инсталиран капацитет плус енергетика која што исто така има од прилика 20-тина до 30-тина мегавати, ако на тоа се додаде ТЕЦ Неготино со двата котли од 160 мегавати и капацитетот ТЕ-ТО од 200 мегавати плус производните капацитети од сонце или фотоволтаиците, ветерните електрани, био маса, био гас, малите централи, хидро и така натаму, ние можеме самите да го задоволиме нашето енергетско портфолио и воопшто нема да ни е потребно да увезуваме електрична енергија. Нешто на кое што ние предупредувавме уште пред година дена дека е возможно да се случи во Македонија како сценарио доколку правилно се менаџира ресурсите. Но, за жал од Владата не ги менаџираа правилно ресурсите и затоа се случува да МЕПСО и ЕЛЕМ од фирми кои што книжеа огромни профити во минатото, денеска ни се најголеми загубари“, објасни Мицкоски.
За контактите кои Мицкоски ги достави до власта, нагласи дека истите имаат за цел да обезбедат снабдување на драстично поевтини енергенски, а власта е таа која треба да одлучи дали ќе ја прифати подадената рака или ќе продолжи да кради од граѓаните.
-Цената која ја добиле бидејќи добив авторизација можам да ја кажам е цена берзанска минус 40 евра по тон, што би значело заштеда од најмалку 80-90 евра по тон од таа што државата ја плаќа. Но, на нив е дали ќе ги искористат контактите и дали Македонија ќе има одржлива енергетска слика, кажа тој.
Во однос на спорот со Бугарија, Мицкоски изјави дека тој и ВМРО-ДПМНЕ неколку пати предупредувале дека владата на СДСМ преговорите ги води на егзибиционистички начин, бидејќи Македонија со францускиот предлог односно како што го нарече тој бугарски предлог не започнала преговори со Европската унија, како што влеат од владата, туку добила само нови барањата од бугарска страна.
-Ако ги отпочнеа преговорите чуму сето ова околу менувањето на Уставот и не требаше да има дополнителни услови бидејќи Албанија нема, вели Мицкоски и истакна дека новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ мора да го корегира тоа што го погреши владата на СДСМ и Димитар Ковачевски. Тоа што тие го погрешија, треба да го корегираме, тоа е задачата на идната Влада, тоа е задачата на ВМРО-ДПМНЕ како идна Влада да тоа го корегира, репреговара и цениме дека тука треба да има сериозен капацитет од страна на Европската Унија и поддршка од меѓународната заедница да се репреговараат тие позиции, бидејќи тие позиции и овие околности во кои сега се наоѓа Македонија не нудат европска иднина. Ние сме подготвени со формирањето на новата Влада да седнеме со нашиот источен сосед и да го репреговараме оној дел кој цениме дека не нуди иднина, односно не нуди интеграција туку напротив не фрустрира. Има за обид да ја оддалечи Македонија од Европската Унија и подготвени сме буквално да инсистираме на тоа да седнеме на маса и се надеваме дека со поддршка на нашите пријатели од меѓународната заедница тоа ќе го издејствуваме, додаде тој.
За изјавите на високи владини функционери на владата на СДСМ дека им недостасуваат уште неколку пратеници за уставните измени, во кои Бугарите ќе бидат дел од македонскиот устав, Мицкоски ги отфрли овие изјави и рече дека власта лаже, бидејќи во парламентарното мнозинство е климаво, а во владината коалиција разногласие.
„Сега има пратеничка група на Коалицијата и ВМРО-ДПМНЕ која е необременета од потенцијални закани за затвор, фингирани политички процеси, а во раководството на ВМРО-ДПМНЕ има монолитност, кохезија, а не разногласие. Во ВМРО-ДПМНЕ нема разногласие, а погледнете ја владината коалиција, погледнете ја ДОМ, преку НСД, погледнете што се случува во ЛДП, во СДСМ и ДУИ да не зборуваме. Сега ние може да работиме на мнозинство и на пораз на СДСМ“, кажа тој и истакна дека се водат преговори за формирање на ново парламентарно мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ и пораз на СДСМ.
За внатрешните состојби во Македонија, лидерот Мицкоски вели дека државата е внатрешно поделена и сиромашна земја, со многу конфликти, поделби, и изоставени реформи укажувајќи дека сето ова ја уназадува и државата и општеството. Мицкоски ги увери граѓаните дека идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ сериозно ќе работи спроведи реформи кои што ќе ја придвижат Македонија и ќе создадат подобар и поквалитетен живот, а со тоа и ќе им се врати надежта на граѓаните.
-Сериозно ќе се зафати со сериозни реформи кои што ќе ја придвижат Македонија напред односно ќе донесат поквалитетен живот и ќе ја вратат надежта кај луѓето, вели Мицкоски.
Според Мицкоски освен што Македонија се соочува со енергетска криза, внатрешни поделби и конфликти, се соочува и со економска криза која најмногу ја чувствуваат граѓаните поради високата стапка на инфлација од 20 проценти, потенцирајќи дека понудил пет мерки за излез од кризата, а еден од тие мерки е и Викенд без ДДВ за граѓаните каде што цената на основните прехранбени производи ќе биде пониска за разлика од сега.
-Ние за мерки во економијата зборувавме уште кога започнуваше кризата и ние кажувавме дека ќе се трансформира во финансиска, ќе се случи таа инфлаторна спирала, но од страна на владата не убедуваа дека инфлацијата е увезена и тука се поставува легитимно прашањето како е увезена инфлацијата? Ако Македонија има едно од највисоките стапки на инфлација од 18,5 во август еве сега до 20%, а во еврозоната е 9, значи ние имаме два пати поголема инфлација, па како е тоа увезена? Делови кои што најмногу влијаат на таа инфлација е дел зголемувањето на цените на храната, на маслото, на шеќерот и така натаму, рече Мицкоски.
-Затоа ние рековме дајте луѓе да имаме викенд без ДДВ со кој што на основните прехранбени продукти ќе им овозможиме пониска цена за да можат граѓаните да си ги дозволат затоа што денеска стана луксуз месо да се купува или некои одредени основни прехранбени производи, објасни Мицкоски.
И додека, Мицкоски одговараше пред граѓаните, од прес центарот на СДСМ на се уште незавршено интервју истрчаа да реагираат, иако Мицкоски ги отвори сите теми кои ги засегаат граѓаните, во соопштението на СДСМ кое очигледно беше предвреме напишано, го критикуваа само за енергетската криза. Ова само го покажува очајот и немоќта на владејачката СДСМ, бидејќи нивниот претседател Димитар Ковачевски дезертира од дебата, а со секое него интервју каде што одговара на веќе нарачани и напишани прашања, им паѓа рејтингот и на Ковачевски и на СДСМ, а впрочем тоа го покажуваат последните пет анкети направени од различни агенции за истражување на јавното мислење.
Според познавачите на политиката, интервјуто на Мицкоски поминало одлично, со дадени конкретни одговори на сите прашања од кои може да се забележи дека покажал цврста волја и решителност за промени на подобро.