Утре седум часа без електрична енергија ќе биде подрачјето на Долна Река, општина Маврово и Ростуше, информираа од општината.

– Ги известуваме сите физички и правни субјекти дека на 19.10.2022 година (среда) во периодот од 09:00 до 16:00 часот ќе има прекин во снабдувањето со електрична енергија во Долнореканскиот регион. Прекинот е поради технички зафат на далеководот, стои во објавата.

Зафатот е во насока да се обезбеди поквалитетно и непречено снабдување со електрична енегија на ова подрачје, каде, посебно во зимскиот период, се чести прекините во снабдувањето.