Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски најави дека партијата ќе продолжи со објавување на скандали за владините функционери. Тој ова го кажа одговарајќи на прашањето дали смета дека со скандалите од изминатиов период, во кој во фокус се политичарите од ДУИ, се намалува коалицискиот капацитет на ВМРО-ДПМНЕ за во иднина.

„Ние она што го правиме во периодов и ќе го правиме, бидејќи ова е само почеток е разобличување на криминалот на политичарите од владата на ДУИ поддржана од СДСМ и тука нема да застанеме. Ќе продолжиме и понатаму, верувајте, имаме доволно материјал да ја запознаеме македонската јавност и кои се криминалците и кои се криминалните зделки на тие политички криминалци. Дали го намалуваме коалицискиот потенцијал ќе каже народот на денот на изборите“, рече Христијан Мицкоски – претседател на ВМРО-ДПМНЕ.