– Страшно е кога човек нема да знае кога греши. Велат на човек не можеш да му дадеш со сила, може со сила да му земеш. Не можеш да ги натераш луѓето да се соочат со сопствената одговорност. Очигледно е дека кај тие луѓе не постои ниту морал, ниту било какво чувство. Излегоа вчера, го слушам политикологот Караџовски, вели дека не барале одговорност од Меркел, не барале одговорност од Џонсон, што не е точно. Семејствата на луѓето кои што изгубиле некој близок ќе го тужат и покренуваат судски спор против Борис Џонсон, но еве не знае, иако сака многу со политика да се бави, рече Мицкоски.

Мицкоски додаде дека најмалку што требаше некој да направи е да понесе одговорност.