Не напротив, ќе најдете таму дека свесни сме за радикалните структури на политичката сцена кај дел од нашите соседи кои што го користат и го злоупотребуваат национализмот и имаат многу негативна, дури на моменти би рекол хегемонистичка реторика кон Македонија и тука ние велиме и се повикуваме на правото на реципроцитет, кажа Мицкоски.
Мицкоски вели дека не е добрососедско однесување кога некој ви ја негира и ви ги оспорува јазикот, историјата, културата и обичаите туку негативно однесување на сосед кон сосед.
Мицкоски посочи дека нема да ја коментира работата на мешовитата историска комисија за да не биде протолкувано како влијание, укажувајќи дека работата на комисијата треба да биде оставена во рацете на експертите, посочувајќи го примерот кога еден од членовите на комисијата си поднел оставка поради тоа што едно лице вработено во Министерството за надворешни работи вршело политички притисок врз работата на комисија.
Не би сакал да коментирам за работата на мешовита историска комисија, за да не биде тоа протолкувано како влијание. Еден од членовите на кој што му изразувам голема поддршка ја напушти таа комисија и јавно кажа дека се врши политички притисок врз работата на таа комисија од лице кое што е вработено во Министерството за надворешни работи кое што присуствува на состаноците на таа историска мешовита комисија. Во најмала рака тоа е дипломатски некултурно, да ја оставиме работата на експертите да се занимаваат со тоа за што се експерти, истакна Мицкоски.
Мицкоски смета дека не може Македонија да биде заложник на хегемонистички барања на Бугарија, повикувајќи наместо за тоа да се зборува за образование, економија.