Нема да се смирам додека не го вратат украденото и додека не одговараат пред законите. Не само победа над нив, туку и одговорност! Мора да има одговорност!, вели Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ.

Македонија не е само нивна, таа е и моја, многу повеќе наша заедничка, на напатениот и горд народ чија самодоверба ја рушат, ја уриваат секоја надеж, за да може полесно да владеат. И затоа, треба добро да знаат

Ова е Македонија, ова е Македонија за сите, Македонија на секој еден човек, моја, ваша, единствена. И дека за Македонија и сите нејзини луѓе ќе ја промениме оваа власт, и дека ќе победиме. И таа победа ќе биде за секој еден човек кој го потурнуваат настрана, кој го обесправуваат, вели Мицкоски.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ додава дека ќе има одговорност за секој криминал, за секоја неправда, за секоја солза на македонската мајка, нејзино чедо и работник на чиј грб тие печалат пари.

Нема да се смирам додека не го вратат украденото и додека не одговараат пред законите. Не само победа над нив, туку и одговорност! Мора да има одговорност!, додава Мицкоски.