Македонија нема стратегија во делот на економија и борбата против корупцијата и затоа нема резултати, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вториот дел во интервјуто за „Република“. Според него, во економијата нема импровизација и одлуки кои се носат од денес за утре.
За жал Владата ниту има капацитет, ниту знаење, а ни визија за тоа да го направи – вели Мицкоски.
Коментирајќи ги последните протести на пензионерите и судската адмистрација вели дека би било несериозно да ветува нешто само за да гласаат за него.
Многу внимателно пристапуваме бидејќи од информациите што ги имаме состојбата во буџетот е алармантна и катастрофална. Покрај тоа што има многу криминал и сива економија, и приливите не се според планираното посебно во делот на ДДВ. Можам да ветам дека ќе биде многу поправично и многу по фер за сите целни групи, и за јавната администрација и за вработените во судовите, и за пензионерите и за бизнисмените и за земјоделците и за медицинските работници. Буквално за сите целни групи ќе имаме пофер пристап од ова што е денеска.
Во однос на платите на функционерите, Мицкоски смета е потребно нивелирање и тие да бидат фер.
Потребно е да се донесе закон во кој ќе има јасно нивелирање на примањата на функционерите. Треба тоа да биде достоинствено имајќи ја во предвид одговорноста која што ја имаат, но не треба да биде толкава разликата колку што е сега. ВМРО-ДПМНЕ ќе донесе закон кој ќе биде фер и ќе ги намали примањата.
Мицкоски за „Република“ откри скандал поврзан со изградбата на хидроцентралата „Чебрен“ од страна на грчка компанија.
Во овој документ од Службен весник од 17 јануари 2020 година е објавена одлуката за почнување на постапка за доделување концесија за изградба на проектот Чебрен. Во овој „Службен весник“ е дефинирана процедурата и условите кои што ги донела Владата кога премиер бил Зоран Заев на седница одржана на 24 декември 2019 година. Во членот 5 од оваа одлука за почнување постапка се дефинирани обврските кои што ги презема државата и вели: Државата на компанијата што ќе ја добие оваа набавка ќе и ја отстапи хидроцентралата „Тиквеш“ која фунционира на Црна Река, три месеци по датумот на старт на изградбата на хидроцентралата „Чебрен“. Значи почнувате да градите и три месеци потоа го добивате „Тиквеш“.
Потоа треба да изгради 400 киловолтна трафостаница „Мариово“ каде што ќе се поврзе хидроцентралата, ќе направи експропријација на земјиштето, ќе изгради пристапни патишта до локацијата и ќе обезбеди ноќни вишоци на струја со која помалата хидроцентрала „Орлов камен“ навечер ќе ја враќа водата во „Чебрен“ и ќе може истата вода неколку пати да се користи преку ден за производство на електрична енергија.
Документот број два е одлука што ја носи техничката влада на Оливер Спа.совски на 4 февруари 2020 година за изменување на одлуката што ја носи владата на Заев истата оваа одлука е објавена во Службен весник од 10 февруари 2020 година. Оваа одлука вели дека членот 5 ставот 3 се брише и тоа го објавува во Службен весник на 10 февруари 202о година.
Во документот број четири со кој се покануваат компаниите да учестуваат на предквалификации од 17 јануари, значи отприлика две недели откако владата на Спасовски ја модифицира одлуката на владата на Заев и повторно магично се појавува ексклузивното право да ја управува и одржува ХЕЦ „Тиквеш“ три месеци по започнување со работа на „Чебрен“. Се повикуваат на поништената одлука ама модифицирана. Односно, поништената одлука вели ќе му ја отстапиме на добитникот ХЕЦ „Тиквеш“ откако ќе почне градбата, а во повикот повторно се појавува ХЕЦ „Тиквеш“, но три месеци откако ќе биде завршена градбата.
Ако таа градба трае шест години а ХЕЦ Тиквеш произведува отприлика 150.000 мегават часови, а пазарната вредност е 120 мегават часови, помножено со шест години добиваме сума од 100 милиони евра. Но што е важно, помеѓу овој јавен повик, одлуката на Заев е одлуката на Спасовски да брише делови од одлуката на Заев за отпочнување на постапка и се објавува јавниот повик каде што повторно се појавува ХЕЦ „Тиквеш“ каде не би требало да се појави бидејќи е веќе избришан од страна на Владата на Спасовски две недели претходно.
Во документот записник од седницата на Владата одржана на 14 септемви 2023 година се носи одлука каде што се избира најповолен понудувач и така е дојдено до компанијата Пиписи архиродон груп“ , односно грчкото електростпанство. Владата во таа одлука се повикува на Службен весник број 13 и 33, двата Службени весници каде што еднаш ја дава „Тиквеш“ три месеци откако ќе почне градбата а вториот пат ја брише. Но тука не завршува сѐ. Откако ја добива оваа одлука компанијата добитник, на 16.10 оваа година вложува жалба до Министерството за животна средина и вели дека членовите 5, 6, 8 и 10 од оваа одлука се спротивни на тендерската документација на која учествувале.
Не знам дали е ова направено од незнаење или од некои други причини но предупредувам дека овој процес ваков каков што е поставен на погрешна основа. Имаме право како потенцијално идна влада да бидеме загрижени дека ова може да не доведе во една многу сложена ситуација и ги повикувам институциите, вклучително и потенцијалниот инвеститор да го разјаснат ова на јавноста. Народот има право да знае која од овие одлуки е одлуката и зошто и зошто се појавува различно толкување на отстапување или не отстапување на ХЕЦ „Тиквеш“ дали три месеци по отпочнување на градбата или три месеци по пуштање во функција на хидроцентралата „Чебрен“ и тоа е 100 милиони евра разлика. Ова е скандал-убеден е Мицкоски.
Според Мицкоски, зад неизрадбата на автопатот Кичево-Охрид стојат лични интереси.
Тука гледам лични интереси и обиди на Ковачевски и Груби да прават политички гимнастики и пресметки но мислам дека тоа нема да им успее овојпат. Во отсуство на јасен проектен менаџмент и многу невистини се доведоа во една ваква ситуација. Oчекував Ковачевски на ист начин како што му велеше на Бочварски „стани да те види цела сала“ да го стане и да го праша што ќе прави.