Ќе ми дозволите да го честитам овој голем македонски празник, голем македонски ден а тоа е почетокот на борбата на македонскиот народ за ослободување од бугарскиот фашистички окупатор за време на Втората светска војна. Многу значај овде во Прилеп, бидејќи токму од тука од Прилеп е започната таа борба на ослободување која што денес практично ја донесе оваа независна, суверена македонска држава во срцето на Балканот, изјави за медиумите лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по денешната посета во Прилеп.
Тој посочи дека не треба на тоа да гледаме онака како власта што не тера да гледаме, туку треба да гледаме онака како што е вистината, а вистината е дека за време на Втората светска војна бугарските фашисти извршиле злостор на територијата на денешна Македонија, а македонскиот народ се обединил и го поразил тој злостор и македонскиот народ веднаш после Втората светска војна бил на вистинската страна на историјата.
– Така е и денеска, така ќе биде и во иднина. Ќе се бориме против фашистите, а Македонија била и ќе остане антифашистичка држава. Инаку од она што покрај вас сакам да го прокоменитрам е фактот што го кажа и градоначалникот дека еве овој проект капитален овдека во центарот на Прилеп практично завршува. Бевме и на цевководот на Пашовски ливади кој ќе обезбеди 10-15% дополнителни количини на питка вода бидејќи немаше општината доволно проекти изминатиот период се проектираше и работеше. Напролет почнува градежна офанзива со повеќе од 40-тина улици во прилепската општина исто така и проектот кој е значаен и капитален а тоа е влезот од Крушево, Кривогаштани е предаден во министерството за транспорт и врски и очекуваме министерството за транспорт и врски конечно да ја заврши процедурата и да отпочне со реализација на тој проект. Во фаза на подготовка се уште 2 други проекти, познатата обиколница Сивец, да не доаѓаат тешките камиони овдека во Прилеп туку да го заобиколуваат Прилеп исто така и влезот од кај Македонски Брод исто така е во фаза на подготовка. Потоа геолошките истраги за новата катна гаража во центарот на Прилеп, појасни Мицкоски.
Тој додаде дека од состојба на многу проблеми и нула проекти наеднаш ќе има многу проекти и веќе оваа пролет ќе започнат со сето она кое е ветено во програмата на градоначалникот она кое што го ветувале како ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која ја предводи ВМРО-ДПМНЕ да го реализираат и испорачуваат на прилепчани.