Добра вечер за градот под Шара, за местото кое е колевка на традиција, крстосница на култури, но и градот кој во себе го носи непокорот на нашиот македонски народ.

За жал за Тетово на национално ниво се зборува тогаш кога има вести од црната хроника, како случајот кога изгоре болница. Кога има некаков инцидент и на тоа многу често се дава етнички предзнак.

Ваквата слика е креирана од истите оние кои профитираат од таквите случки, кои како реприза ја коваат оваа слика и го плашат народот, а народот пак надвор од стегите на политиката, оној реалниот народ необременет од политички интереси совршено се согласува меѓу себе, затоа што радостите се исти, исто како и нивните страдања кои секој ден стануваат се поголеми. На таквите креатори на погрешната слика сакам да им кажам дека Тетово не е обична приказна од нашето секојдневие, Тетово е крстосница, но и тврдина на нашата култура, нашиот непокор, на традицијата и местото кое е најдобар показател за тоа што треба да направиме за да конечно Македонија има иднина каква што заслужува. Тетово е град во кој живее духот на пријателството, разбирањето и почитувањето. Тетово е градот на Пејчиновиќ, Скаловски, Камшик, Антевски Смок и плејада дејци и имиња кои дале своја вредност за Македонија и Тетово.

Во тоа име, колку и да сакаат некои, поради свои интереси да ја преставуваат погрешната слика за Тетово, имам да порачам дека Тетовчани се горди луѓе, луѓе домаќини и дека мојата грижа, мојот завет е подеднаков за овој град како и за сите места во Македонија. Заедничкиот патриотизам за кој говорам е потполн само тогаш кога и Тетово го има заслуженото место за грижа и е дел од постојаната борба за промени.

Кога ве гледам вака собрани, во толку голем број, и колку е претесна салата да ги прими овие стотици срца кои чукаат како едно, не само што верувам туку и знам дека промените ќе се случат, дека власта која ја клекна Македонија на колена ќе биде поразена, а по поразот ќе има одговорност. И таквата победа ќе има смисла само доколку има одговорност, одговорност за оние кои денес живеат на грбот на народот, се богатат на грбот на народот, ја крадат иднината и среќата на народот.

само да не дојде на дебата со мене за овој штетен договор со кој ја ставија државата во подредена положба. А му понудив, но знам дека кој е кукавица и се крие во глувчешка дупка, да ја собере цела влада и Али Ахемти, да изберат време и медиуми и да кажат јас ќе дојдам и ќе дебатираме за сите штетни политики и за овој штетен епски криминален договор.

На сето ова мораме да му ставиме крај. Заедничкиот патриотизам треба да даде одговор на она што реално му треба на народот. Заедничкиот патриотизам значи доближување на политиката до народот и негово поголемо учество во заедничките работи. Заедничкиот патриотизам треба да ја врати надежта, но и мотивот за борба тука во родните огништа. Да ги вратиме луѓето тука во Македонија, ќе бидеме патриоти ако создадеме иднина тука и перспектива тука за сите луѓе. Повторно да светнат куќите од Тетово до Битола од Дебар до Делчево. Ќе бидеме патриоти ако ги победиме кастите и тие неколкумина кои живеат од туѓите несреќи. Заедничкиот патриотизам е да ги поразиме ѕидовите тука во Тетово кои ги издгинуваат помеѓу граѓаните Македонци и граѓаните Албанци. Тетово да биде град не од црните хроники, туку град носител на вести од достигнувањата во науката, образованието, културата и традицијата.

Заедничкиот патриотизам е сон кој се бориме да стане реалност. Да ги вратиме тука луѓето кои за туѓинци работат надвор додека нивната земја тука е нечепната. Истите луѓе Македонци и Албанци кои создаваат вредности и секога ќе бидат печалбари во туѓи земји, да ги вратиме тука во своите родни огништа да ја креваме Македонија заедно.

Наместо плачот на мајката да се слуша радоста и среќата, наместо очајот да ја вратиме надежта. Ви велам дека наша задача е да создадеме иднина на еднаква шанса за развој. Ќе изградиме училишта, патишта, водоводи, канализации. Да се натпреваруваме не по големо националистички теми кои не носат парче леб на трпезата туку по технолошки развој и подобар стандард и повеќе пари за сите.

И да ги имаме решенијата, и да ќе одговорам конкретно на Лена од Раотинце која побара решение за иселувањето….

Најдобриот одговор за белата чума иселувањето е економски да ја зајакнеме Македонија, да направиме ремонт на системот кој не функционира, и ќе поставиме поинакви и високи стандарди за тоа како мора да функционира нашето општество. Ќе обезбедиме шанса за секого, ќе обезбедиме нови работни места за сите луѓе, ќе се бориме за подобро платени работни места, за подобра иднина за младите, за повисок стандард за сите луѓе. Подобра патна инфраструктура, подобро образование и подобро вреднуван труд. Но и да ги имаме најдобрите училишта или болници, најдобрите патишта или спортски објекти, ако луѓето немаат надеж и мотив за борба тогаш не сме успеале. Затоа ветувам дека ќе ја вратиме сигурноста на луѓето која сега им недостасува, ќе ја вратиме надежта која ќе ја постигнеме преку заедничкиот патриотизам како верување во заедничката среќа наоѓајќи одговор за вистинските потреби на луѓето. Да го обновиме животот во Раотинце, но и во секое населено место. Ќе се бориме против иселувањето затоа што многу добри кадри му ги подаруваме на светот а нашата нација старее. Ова не е прашање само на некаква дневна политика туку и прашање за опстојување на нашата Македонија и нашиот народ. И ние тука ќе се бориме и ќе победиме. Исто како што е извесно дека силно ќе победиме и на изборите кои доаѓаат. И за да се случи тоа не е важна само победата, туку поважно е таа да биде голема и јасна, со голема разлика.

Прво најважно од се е да излезете на избори. Да се вклучите во политиката затоа што само така од внатре, лично со вашиот глас и со вашата рака ќе ги менувате работите. Одзивот на следните избори мора да биде голем, разликата да биде што поголема и јасна. Седењето дома и прифаќањето на тезата сите се исти или нека излезат другите јасно е дека ќе се смени власта само им го ублажува поразот, што секако одзема од енергијата на промени која мора да биде голема за да бидат и промените поефикасни.

Второ, важно е да излезете на изборите и одзивот да биде голем за да ДУИ ја пратиме во опозиција. А Ахмети во политичка пензија. Да го поразиме поголемиот брат од истата оваа коалиција која толку многу ја криминализира државата веќе 22 години по ред.

Трето, не верувајте на оние кои имаат задача да имаат цврста ретрикаида бидат платена опозиција. Секогаш кога ќе оди ВМРО-ДПМНЕ по десно или по остро, тие само на зборови да одат подесно или поостро. Таквите инсталации со лажен популизам и платен патриотизам се заинтересирани за својот комодитет и лична кариера, а најмалку за Македонија. Затоа е потребно да се обединиме околу главниот стожар ВМРО-ДПМНЕ, да имаме јасна и прецизан аразлика за да нема уцени.

Македонија не е розовата слика во владините гласила и зборови, Македонија не се состои во владиниот раскош платен со државни пари, ниту во некој спот финансиран со парите на напатениот народ.

Туку ова е Македонија. Ова е Македонија за сите!

Ова е Македонија на надеж, сон, копнеж и иднина.

Заедничка радост и заедничка среќа.

Македонија на заеднички победи, реформи. Македонија на големи чекори напред и големи промени. Македонија која дава сигурност, дава перспективна шанса за секого.

Македонија во која одлучувате вие. Македонија која ја победува апатијата, која ја менува грдата реалност. Која дава рака на секој еден кого системот го оттурнал и го ставил настрана.

Ова е Македонија на сите луѓе! Со истата енергија каква овој народ и земја ги имале при сите големи победи, при сите свои илиндени, славни епопеи и победи.

Шанса не само за една, туку за сите генерации заедно оставени на страна овие 30 години.

Нашата борба е вредности, идеал и кауза. Нашата борба е да ја обновиме Македонија.

Промените да победат, за заедничка иднина!

Ова е незапирливата сила на народот.

Ова е Македонија! Македонија за сите!

Да живее Тетово, да живеат тетовци. Да ни е вечна и вековита Македонија.