„Со години ги следам бројките кои се поврзани со број на ученици, вработени, пензионери, средношколци, деца во градинки, родени бебиња, починати лица и после 15 години и повеќе од следење на овие бројки можам да кажам дека сите бројки до една и сите индикатори никогаш не биле полоши“, истакна членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев при денешната трибина насловена „Социјални политики против иселување и сиромаштија“.

Тој додаде дека никогаш не биле полоши бројките кои ја кажуваат состојбата во Македонија, таа се топи како снег во мај.

„Имаме убедливо најмалку родени бебиња. Минатата година имаме 17,771 родено бебе никогаш помалку. Им оставивме во 2016-та година 23,002 родени бебиња тоа беше збирниот број на Македонија“, рече Ѓорчев.

Тој посочи дека Македонија од 2006-та година до 2016-та година била единствена земја која има зголемен број на родени деца, од 22,585 на 23,002, а сега падот 5,400 родени деца. Поделено по 20 во паралелка, тоа се 270 празни паралелки само во една година без иселување само по природен прираст. 270 празни паралелки по 10 метра тоа е 2,700 метри или да одите 3 километри покрај празни училници.

„Заклучокот е еден и единствен а тоа е час поскоро мора да се ослободиме од оваа власт која буквално ја уништува Македонија и никогаш не било полошо во Македонија“, потенцираше Ѓорчев.