При денешната изјава во Гази Баба, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на одговорноста за вчерашната експлозија во ХЕЦ Вруток како и за минимумот на РЕК Битола истакна дека одговорност мора да има ако сакаме да одиме напред и да учиме на грешките, бидејќи на крајот на денот сметката ја плаќа народот.
„РЕК Битола е во катастрофална ситуација работи еден блок, вториот блок со третина од својот капацитет бидејќи нема доволно количество јаглен, нема услови за да работи со 100 проценти, тоа што вчера се случи во ХЕЦ Вруток, ЕЛЕМ го правдаат дека откажал практично осигурачот од мрежата поради претпоставувам зголемен напон, или пак зголемена потрошувачка, но и тоа е ненормална појава и тоа е нестационарна појави ние велиме, штом тоа се случува треба да видиме што е причината за тоа да се случи бидејќи единствениот хидропотенцијал кој што има колку толку некаква вода внатре во себе некаде 7-8 % поради тоа што другите се на 1-2 проценти ние каскадата Вруток, која што влече вода од мавровскиот базент, и ако и таа ни откаже тогаш ние навистина ќе останеме без ниту еден производен функционален капацитет. Неготино не работи, нема мазут, Битола работи со третина блок од 3 те, хидроцентралите се испразнети, за жал полни се џебовите од фамилијата на власт од украдени тендери, а народот е тој кој што на крајот од денот ќе ја плати сметката за оваа неодговорност. Затоа е потребна одговорност, одговорност е неопходна ако сакаме да одиме напред, затоа што само така можеме да бидеме подобри и нема да ни се повторуваат грешките, ако останеме вака и ако преминеме преку ова дека е ова само дел од нападите на опозицијата врз власта, сите ние губиме за жал а народот на крај ја плаќа сметката“, нагласи Мицкоски.