Успеваме веќе два месеци по ред да имаме ниво на годишна инфлација коешто е под нивото на Европската Унија, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски за време на посетата на Штип, одговарајќи на новинарско прашање за тоа како го оценува нивото на инфлација.

– Ние успеваме веќе два месеца по ред да имаме ниво на годишна инфлација коешто е под нивото на ЕУ. Во јули беше 2,3 проценти, додека во Европската Унија беше 2,9 проценти. Во август беше 2,6 проценти, а на ниво на Европската Унија 3,3 проценти. Се сеќавате пред четири години, кога не убедуваа дека инфлацијата, којашто тогаш беше двоцифрена – 16, 17, 18 проценти била увезена од ЕУ? Гледате дека можело, кога се сака и кога се знае, да се направи нешто што е подобро – изјави Мицкоски.

Тој нагласи дека мора да веруваме во себе, а не да веруваме во, како што рече „лаги и клевети од луѓе кои самите се препознаваат како талог“.

-Жалам и јас за таквите луѓе што самите се препознаваат како талог, а кои сè уште држат прес-конференции, иако никој не ги именува, и на отворена сцена плачат бидејќи самите се препознаваат како талог. Не треба да им се верува – рече Мицкоски.