Покачувањето на цената на парното греење е грабеж на граѓаните – порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за покачувањето на цената на парното греење во Скопје, одлука што вчера ја соопшти Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Мицкоски истакна дека поради грабежот што го прави власта, злоупотребувајќи ја енергетската кризна состојба и договарајќи тендери во четири очи, сега македонските граѓани за загревање на трособен стан, годишно ќе треба да плаќаат од 70 до 100 евра повеќе, а оние со поголеми станбени површини и до 120 евра повеќе.
Покачувањето на цената на парното, е грабеж. Граѓаните, за двособен стан, од прилика, ќе плаќаат годишно од 70 до 100 евра повеќе, а оние кои што се во три ипол собен или поголем стан, ќе плаќаат повеќе од 100 до 120 евра годишно за парно. Парното на годишно ниво е поскапено повеќе од 50%, само сега е 15% и тоа е поради лоповлукот. Повторно ќе кажам, поради грабежот што го прави владата, злоупотребувајќи ја енергетската кризна состојба и договарајќи тендери во четири очи – изјави Мицкоски.