Денес во Словенија на маргините на централниот настан на ЦДИ остварив средба со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан и претседател на сестринската ФИДЕШ, информира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Разговаравме за регионот и прашања поврзани во интеграциите на Македонија во ЕУ.
Ја потенциравме потребата од економска соработка и борбата против корупцијата и криминалот како регионален предизвик.

Покрај со хрватскиот премиер и претседател на ХДЗ Пленковиќ и со премиерот на Унгарија Орбан договоривме заедничка соработка на тимови на ВМРО-ДПМНЕ и ФИДЕШ за размена на искуства и поддршка во процесот на изработка на изборната програма за престојните избори.

Се заблагодарив на поддршката на Унгарија која ја добиваме во насока на остварување на стратешките интереси на Македонија, додава Мицкоски.