Овој закон за Урбанистичко планирање се носи од една причина, да нема одобрение за градење, да не важи Законот за градење. Овие два закони се споени и ова секој треба да го знае, истакна на денешната собраниска Седница пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски.

-Сакам да се обратам до македонскиот народ и до сите граѓани. Овој проект ќе биде единствениот проект каде што нема да важи одобрението за градење, значи се поништува Законот за градење. дали на ваков Закон треба да се стави европско знаменце. Ја поздравувам реакцијата не ЕУ, но таа е многу протоколарна, делгацијата реагираше но многу протоколарно. Замислете вакво нешто да се направи во Италија или Германија, тоа е невозможно. Замислете во било која друга европска земја да се поништи закон за градење, да се поништи закон за урбанистичко планирње,тоа е суштината или најстрашно од сето што се направило верувајте. Се презеле обврски со потпишување на договор, сега се менуваат правилата на играта. Ако се сменат сега законите, тоа е како некој да добил тендер а вие од после да ги менувате правилата на игра, тоа е кршење на сите процедури, дециден е Мисајловски.

-Замислете за одредени категории на градби да не постои Закон. Сакам нешто друго да потенцирам до власта што ја нема, за оние што го водат проектот и ќе го водат. Кој ќе ја носи одговорноста за сите потребни постапки за Е-урбанизам и за одобрение за градба. Тука се сите фази за добивање на одобрение за градба, безбедност, пожари, статика и тн,тоа се главни работи за да ги има еден проект и сега вие со овој Закон и со Законот за градење ќе се избегнат сите процедури. Замислете недај Боже нешто да се случи, кој ќе ја преземе одговорноста, „Бектел и Енка“ сигурно не, појснува Мисајловски.