Како што оценува Мицкоски, однесувањето на Пендаровски било дволично.
-Очигледен е притисокот којшто се врши врз него, јас го разбирам, не можам да го оправдам, бидејќи тоа во суштина се нарекува дволичност. Едно лице да имате на средбата едно да имате надвор пред камерите, но во ред, битно е дека дури и вака притиснат Пендаровски излезе надвор со став дека сепак, ако имаме нови докази, треба овој случај, како и многу други, да започнат од почеток, рече Мицкоски.