Ќе продолжи борбата со криминалот. Нема да правиме естрада од сето тоа. Се држиме до тоа што сме го кажале, вели премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на прашање во врска со акцијата на органите на прогонот во Рек Битола и Осломеј, во која 23 лица беа осомничени и два правни субјекта.

Најави и дека во период што следи се работат десетици случаи.

-На македонските граѓани ќе им стане многу јасно што се случувало изминатите години. Па, преку фер и трансапрентен процес очекувам секој да ја докажува својата вина или невиност. Во периодот што следи, од информациите со кои располагам ќе има десетици вакви случаи.