Во текот на вчерашниот ден колку што имам информација потпишан е тој ЕФЕТ договор со кои што се тргуваат енергенси на секаде низ Европа, од страна на позицијата и АД ЕСМ, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање дали има информација дали има напредок со позициите за набавка на енергенси кои што ги предложи ВМРО-ДПМНЕ на владата.

Мицкоски нагласи дека од она што го има како информација е дека компанијата треба да има состанок во петок во АД ЕСМ каде што ќе биде и официјално презентирана понудата, и доколку е се во ред треба да се потпише анекс или индивидуален договор кој што е составен дел на тој ЕФЕТ договор, и врз основа на тоа што ќе биде потпишано, како што рече тој очекува да започне испораката таму некаде од почетокот на ноември, па се до периодот до кога ќе го побара Владата.

-Од информациите со кои што располагам има таков состанок во петок, во просториите на АД ЕСМ каде што ќе биде презентирана официјалната понуда од страна на позицијата. Нормално има законски критериуми и правила како функционира правниот систем во Македонија, сепак АД ЕСМ не е приватна сопственост на никое приватно лице, таа е на народот, државна компанија. Компанијата позицијата треба да достави понуда и претпоставувам таму има комисија која што ќе евалуира таа понуда, дали е таа понуда во ред или не. Доколку е во ред не гледам причина уште во петок да биде потпишан тој анекс или индивидуален договор кој што е составен дел на овој ЕФЕТ договор, на овој Рамковен договор, и врз основа на тоа што ќе биде потпишано, очекувам да почне испораката таму некаде од почетокот на ноември, па се до периодот до кога ќе го побара Владата од оваа позиција. Сепак јас тука во деталите не сум учесник, и не ни сакам да сум учесник бидејќи има институции, наше беше да помогнеме како што помогнавме, рече Мицкоски.

Претседателот Мицкоски за набавката на мазут потенцираше дека веќе е соопштена понудата од страна на позицијата односно на било кое пристаниште во регионот цената ќе биде берзанската минус 40 долара за тон, што според него е квалитетна понуда бидејќи на тој начин ќе се заштедат околу 10 до 15 милиони евра.

-А од позицијата која што требаше да достави понуда за мазут бидејќи имам овластување да го кажам тоа јавно, веќе е соопштена понудата, позицијата дека на било кое пристаниште во регионот цената ќе биде берзанската минус 40 долара за тон. Ако се искалкулира да речеме од Солун или Волос да се донесе во ТЕЦ Неготино, од прилика 20 евра за тон, или од Волос 40 евра за тон, тоа би значело дека некаде во Македонија ќе ја имаме берзанската цена, што е исклучително квалитетна понуда, што е во моментот некаде околу 70, 80, 90 евра во зависност од цената регулирана со Регулаторната комисија за енергетика на мазутот, поевтина. Или ако земеме во предвид дека се бараат 150.000 тона, тоа значи заштеда помеѓу 10 до 15 милиони евра, изјави Мицкоски.