Ковачевски да не си игра со трпението на македонскиот народ и да не го уништува македонскиот идентитет. Ова е пораката на лидерот на опозицијата Мицкоски до премиерот.
Вели дека Ковачевски треба да го зачува достоинството, за после избори да може да шета со крената глава. Според информации на Мицкоски, со уставните измени ќе се создаде бинационална држава.
Тоа што ме загрижува е дека до мене доаѓаат информации дека не се зборува само за внесување на она минимално бугарско малцинство во Преамбулата на македонскиот Устав, туку се зборува и за целосно редефинирање на Македонија како држава, да биде бинационална држава во која ќе постојат два народи, неколку етнички заедници кои сега се дел од народ во рамки на Преамбулата на македонскиот Устав и сето останато кое ќе биде над одреден процент поврзан со минатогодишниот т.н. попис да бидат малцинство. Да внимава Ковачевски што ветува, ние знаеме неговата концесија кон главниот играч во Владата, а тоа е ДУИ, е голема, таа финансиска, знаеме дека добива одредени финансиски надокнади за ова да го прави, но за сето тоа ќе се зборува после изборите, бидејќи сето ова се само информации, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Не станува збор за никакво редефинирање на земјава, одговорија од СДСМ. Македонскиот јазик е признат и не може да биде оспоруван од никој, ниту пак некој да смета дека ќе биде дијалект на бугарскиот.
Пратеничката Лазаревска го повика Мицкоски уште еднаш да каже дали ќе ја поддржи евроспакат персепектива.
Мицковски вели дека неговата партија е и ќе остане на бродот за ЕУ, но е загрижен што КАКО ШТО ВЕЛИ, наместо европски, власта создава антимакедонски фронт.