Финишира расправата по пакетот владини закони за изградба на коридорите 8 и 10 д. Најдоцна до петок парламентарното мнозинство ќе собира кворум за сите закони да бидат изгласани во пакет

Опозицијата со обвинување до власта дека со овие пет закони сака да го озакони криминалот, од како што велат, штетниот договор за коридорите. Велат дека мнозинството прифаќа промена на Законот за експропријација со тоа што си вметнале иста вредност за обесштетување да има за сите градби што би се рушеле, а се на трасата на автопатот. Од СДСМ пак објаснуваат дека експропријација ќе се врши според тоа како е наведено во даночното решение…

Комисијата за европски прашања за само еден час расправа ја заврши дебатата и за последниот од петте закони. Мнозинството не го прифати амандманот на опозцијата за законот за утврдување јавен интерес и номинирање стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на коридорите.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ бараше министерот за финансии да одговори зошто државата дозволила да се менуваат закони за потребите на компанијата известувач. Конкретен одговор не добија.

Владата тврди дека има стабилно мнозинство за гласање, но опозицијата очекува Пендаровски да остане на ставот дека нема да стави потпис на указите на закони кои ги повредуваат човековите права, што според ВМРО-ДПМНЕ е случај со овие законски решенија.