Мандатарот Димитар Ковачевски, при неговото последно обраќање кон јавноста најави дека има намера да се сретне со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Ковачевски истакна дека со лидерот на опозицијата би сакал да разговара за сите оторени прашања.
Од ВМРО-ДПМНЕ денеска за плусинфо кажаа дека за поканата за евентуалната средба на Ковачевски и Мицкоски дознале од медиумите и дека сè уште не е пристигната официјална покана. Од партијата порачуваат дека Мицкоски ќе прифати разговор со мандатарот, но само на одредени теми.
-За покана за средба на Ковачевски со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дознаваме од медиумите и сè уште нема официјална покана за средба. Доколку има таква покана, средбата би била прифатена под услов да се разговара за следниот дневен ред: предвремени парламентарни избори како единствено оддржливо и кон граѓаните одговорно решение, содржината на одговорите на прашалникот 5 плус 1 кон Бугарија и позициите на Македонија и точка разно во која би спаѓало и разговор на темата сузбивање на криминалот и корупцијата“, појаснија за Плусинфо од ВМРО-ДПМНЕ.
Новата влада предложена од Ковачевски, се очекува да биде изгласана во Собранието во сабота.