-За жал не успеавме во изгласување на интерпелацијата за недоверба на Владата и иако имавме 61 потпис, што е апсолутно мнозинство во македонскиот парламент. Но, еден пратеник се предомисли кој пред неколку дена пред интерпелацијата се потпиша на истата интерпелација за недоверба на Влада. Ние опозиционите партии се обединивме и покрај нашите внатрешни разлики бидејќи имавме само една заедничка цел да падне криминалната Влада предводена од Зоран Заев“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за српска телевизија „Хепи“.

Мицкоски додаде дека целта на опозицијата е да падне владата на Заев по резултатите на локалните избори, каде што Заев и СДСМ беа жестоко поразени од граѓаните.

-Заев ја најави својата оставка од претседател на СДСМ и претседател на Влада, но потоа се предомисли со изговор дека не може сега да си замине од функциите бидејќи има многу проблеми во државата кој тој треба да ги реши. Сега прашањето е дали е тоа некој нов премиер, бидејќи тој е премиер 52 месеци, ако се одземе оној период на техничка Влада кога ги украдоа изборите, тоа се неколку месеци околу 7-8, значи Заев е премиер точно околу 4 години. И овие проблеми со кои сега државата се соочува се проблеми кои настанаа од кога Заев е премиер, заклучи Мицкоски.