„ВМРО-ДПМНЕ е проевропска и проНАТО партија. Во 2000-тата година премиер беше Љубчо Георгиевски, прв претседател на ВМРО-ДПМНЕ, тој го потпиша договорот за стабилизација, асоцијација. И во 2008 година во Букурешт беше Груевски втор претседател на ВМРО-ДПМНЕ кога требаше Македонија да стане полноправна членка на НАТО заедно со Албанија и Хрватска, но тогаш се случи тоа што се случи. Првиот позитивен Извештај за почеток на преговори го добива владата на ВМРО-ДПМНЕ. Визна либерализација пак Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја добива. Така да кога ќе се соберат сите овие факти и аргументи тогаш може да се заклучи дека ВМРО-ДПМНЕ е проевропска и проНАТО партија“,истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски во интервју за српска телевизија „Happy Tv“.

Мицкоски запраша дали граѓаните во Македонија со Зоран Заев живеат подобро, со сигурност не живеат подобро за жал.

„Дали со Заев имаме подобро образование? Не. Дали имаме подобар здравствен систем? Не. Дали имаме подобра економија? Не. За жал најлоши сме во регионот. Дали е намалена стапката на криминал и корупција во Македонија? Не, најлоши сме во Европа. И сето ова кога ќе се собере кој профитираше? Профитираше семејството Заеви кое владее денес во Македонија, а изгубија граѓаните“, рече Мицкоски.