Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска ја поднесе иницијативата за Референдум во Државната изборна комисија каде што даде и изјава за медиумите.
На новинарско прашање дали со иницијативата за Референдум ВМРО-ДПМНЕ се откажува од предвремени парламентарни избори, Мицкоски одговори дека Референдумот би бил одлична можност за на еден трошок да се оддржат и предвремени парламентарни избори.
Не, напротив. Оддржувањето на Референдумот е одлична можност заедно со Рефдерендумот да организираме и предвремени парламентарни избори на еден трошок, одговори Мицкоски.
Тој исто така ја повика власта да покаже демократски карактер и да се охрабри да излезе на предвремени парламентарни избори кои би се случиле заедно со Референдумот.
„Ја повикувам власта, парламентарното мнозинство да покаже демократски карактер, да се охрабри и да ги потврди своите политики на предвремени парламентарни избори кои што би се случиле заедно со Референдумот“, додаде Мицкоски.