Продуктивна средба со генералниот директор на компанијата Johnson Matthey, Лиан Кондон, напиша на Фејсбук претседателот на владата Христијан Мицкоски.
Разменивме мислења за тековните и идни проекти што ги имаме со Johnson Matthey. Горд сум што една реномирана компанија продолжува да инвестира и да работи во нашата земја. Нејзината посветеност е од клучно значење за економскиот развој на државата и за квалитетот на животот на нашите сограѓани. Очекувам успешна и плодна соработка во иднина, истакна Мицкоски.