Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање дека ветувал развој и регулација на крипто пазарот, дали планирате нешто во иднина, рече дека веќе сериозно се работи, како и дека дел од посетите на луѓето кој што дојдоа и од САД и од други земји од Европа се со фокус на таа тема.
„Па да, веќе работиме сериозно. Дел од посетите на луѓето кој што дојдоа и од САД и од други земји од Европа се со фокус на таа тема и во периодот кој што ќе следи, ќе излеземе и со законска регулатива со која што сето ова ќе биде регулирано, ќе значи повеќе пари, приливи во буџетот, кои што ќе можеме да ги користиме за капитални проекти.“, истакна премиерот Мицкоски.