Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски преку статус на Фејсбук пишува дека Штип ќе добие обиколница.
„Штип ќе добие обиколница.
Целта на овој проект е да се спои влезот од Скопје со влезот од Струмица, урбанизирање на целиот потег како и можност за нова населба за домување.
Изготвен е од страна на општина Штип основниот проект и проектната документација.
Со овој проект ќе се олесни сообраќајот во градот, а товарните возила нема да влегуваат во самиот град.
Исто така со изградбата на обиколницата и со изградба на нов резервоар за вода, градот Штип ќе добие и нова населба за живеење.
Важно е Штип да се развива.
Важно е да имаме квалитетни сообраќајни решенија“, стои во неговиот пост на Фејсбук.