Слава им на хероите кои се бореа за Македонија и кои се доказ за тоа колку е скапо платена нашата слобода, мир и држава!, порача Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО ДПМНЕ.

Македонија денеска одбележува 20 години од загинувањето на осуммината припадници на Армијата на Република Македонија кај месноста Љуботенски Бачила во 2001 година.

На 10 август 2001 година, воено товарно возило на АРМ на патот кај месноста Љуботенски Бачила нагази на две противтенковски мини.

Животот го загубија Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски, сите припадници на резервниот состав на АРМ од гарнизонот Скопје.

Денес се навршуваат 20 години од загинувањето на армиските бранители кај Љуботенски бачила.
Слава им на хероите кои се бореа за Македонија и кои се доказ за тоа колку е скапо платена нашата слобода, мир и држава!, напиша на Фејсбук Мицкоски.