Како што соопштија од владиниот Сектор за односи со јавност, владините делегации оддале почит и положиле цвеќе пред спомен обележјата во Општина Ѓорче Петров, село Волково, село Љубанци и касарната Илинден.

Венци цвеќе положиле и почит кон загинатите оддале припадници на Армијата и полицијата, претставници на локалната власт и блиски и членови на семејствата.

На 10 август 2001 година, на патот кај месноста Љуботенски Бачила, армиско товарно возило нагази на две противтенковски мини. Животите ги загубија Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски, припадници на резервниот армиски состав.