Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски нема да го толерира несоодветното однесување на дел од производителите и трговците.

Мицкоски распали по трговците: Да си го преиспитаат однесувањето, срамота е ова што го прават пред празниците што доаѓаат

Тој најави итна реакција уште од денеска, а наскоро ќе бидат опишани и сите механизми.

Неетичко однесување

Според Мицкоски, ваквото однесување н трговците не е етичко, особено што се случува пред празниците.

„Тоа што мислеа дека ќе не надмудрат и си играат со трпението на граѓаните и Владата не е добро. Тоа не е коректно однесување, особено пред празници. На ваков начин не треба да се прават големи профити.

Останати мерки

Мицкоски истакна и дека имаат и други мерки на располагање кои можат да ги преземат за производите да не поскапуваат, а за кои јавноста ќе биде информирана.

ДПИ на терен

Премиерот претходно вчера најави дека ќе побара од Пазарниот инспекторат вонредна инспекција со цел да се утврди како цената на одредени основни производи е зголемена во изминатите 30 дена.