Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во „Click Plus“ на ТВ21 порача дека со претседателската кандидатура на лидерот на Алијанса за Албанците и актуелен градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари ќе биде испровоцирана ДУИ.

Според него, и тие ќе мора да предложат кандидат.

„Мислам дека е добро и здраво за демократијата во Македонија да има повеќе претседателски кандидати затоа што граѓаните ќе имаат повеќе можност. Ценам дека со кандидатурата на Арбен Таравари, ќе биде испровоцирана ДУИ па и тие ќе мора да профилираат претседателски кандидат што е добро“, порача Мицкоски.

Разговорот со Мицкоски ќе биде објавен вечерва на Клик Плус