Мицкоски најави дека тимот на нови луѓе на ВМРО-ДПМНЕ кои се млади, со нова визија, нова енергија и луѓе кои сакаат да победат и да им покажат на граѓаните да им покажат дека може поинаку, имаат огромна предност пред стариот, контаминиран и докажано неспособен тим на градоначалници од СДСМ.

Најавите на Мицкоски се остварија во целост, па овој тим на млади луѓе од ВМРО-ДПМНЕ ја доби поддршката на граѓаните скоро во сите општини, а ако денот по утрото се познава, тоа значи дека се остваруваат и зборовите на Мицкоски кога овие луѓе ги преставуваше како луѓе со визија, мотив и желба да го подобрат животот на граѓаните во нивните општини. По само неколку дена од преземањето на општините, новите градоначалници од редовите на ВМРО- ДПМНЕ веќе реализираат проекти коишто биле ветувани од нивните претходници, а не успеале да ги реализираат во цели 4 години од нивниот мандат.

Ваквото енергично работење на локално ниво, влева огромна надеж кај граѓаните дека истото може да се случува и на централно ниво каде што владее како фонија, секојдневно испливуваат коруптивни скандали во кои резултира дека се вмешани функционери од највисоките ешалони на власта и се забележува недомаќинско управување со парите на граѓаните и неспособност за справување со предизвиците пред кои се наоѓа државата како што е и немањето план за справување со енергетската криза со која директно се засегнати граѓаните кои стравуваат за периодот кој то претстои, а доколку Владата беше сериозна во овој поглед требаше веќе да има преземено чекори за да ги заштити.

Друга новост која на овие избори беше и тоа што ВМРО-ДПМНЕ докажа дека има коалиционен капацитет со тоа што се постигна коалиција со албанските опозициски партии Алијанса за Албанците и Алтернатива. Со оваа коалиција ВМРО-ДПМНЕ од една страна се ослободи од етикетата „националистичка“ која неосновано партиите на власт се обидуваа во секоја прилика да му ја залепат и да ја користат како оружје за заплашување, особено на граѓаните од албанска етничака припадност кои на овие избори не наседнаа на ваквата реторика и одлучија да дадат поддршка на промените, а од друга страна го потврди својот коалициски капацитет за кој владејачките партии обожаваа да кажуваат дека го нема.