Кога слушнав дека во Левица го тестирале моето име и сум испливала и ме препознале како блиска до нив на првото соопштување, или кога Апасиев ми ја соопшти веста преку еден месдинџер умрев од смеа, не мислев дека е сериозно, рече професор Билјана Ванковска на денешната прес конференција со претседателот на Левица, Димитар Апасиев на која ја претстави за кандидат за претседател на Македонија на претстојните избори од редовите на Левица.
„Не мислам само да учествувам, ако сум се нафатила чесно ќе се борам со сиот респект кон било кој кандидат”, рече Ванковска
Благодарност до Левица која ми ја даде довербата, јас се чувствувам дел од тимот иако не сум член на партијата. Коментирав настани во моментот кога се случуваа, вела да отвориш фрижидер ќе ја видиш Ванковска, бев активна во многу движења, рече Ванковска.
„Не сум случаен минувач во политиката, овој пат сум со поголема самодоверба дека постои еден тим и дел од него во она време пред 10 години кога се кандидирав самостојно беа здружени во групи. Патриотизмот преплетен со левичарството ме врзува со нив. Немам идеја што содржи работната верзија на партијата со која ќе настапи на парламентарните избори, јас ја пишувам мојата. Ниту тие се мешаат во мојата ниту јас во нивната“, кажа Ванковска.
Ванковска посочи дека од времето кога таа се кандидирала за претседател е многу сменето и додаде „за десет години Македонија е се што немаме“.
- САМИТ НА ЕПЗ ВО ДАБЛИН: Европа не смее да остане недоволно поврзана со Западниот Балкан, порача Сиљановска-Давкова
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, заедно со педесет шефови на европски држави и влади, учествуваше на Самитот на Европската политичка заедница во… - МАУРИСИО ПОКЕТИНО НА КЛОПАТА НА ЈУНАЈТЕД: Аргентинецот пристигнува на Олд Трафорд пред дербито со Ливерпул
Маурисио Покетино се очекува на 18 или 19 ноември да пристигне во Манчестер и да го одржи првиот тренинг со… - КРАЈ НА СЕРИЈАТА СО ШКОТСКА: Мора да играме храбро и без страв, порача Седлоски
Селекторот на македонскиот национален тим, Гоце Седлоски, официјално ја најави претстојната средба против Шкотска. Противникот претходно славеше на првиот меѓусебен… - НАПАД ВРЗ МОНЕТАРНАТА ПОЛИТИКА: Опозицијата прави штета со ширење паника за Алта банка, порача Ѓурчевски
Прават нарушување на монетарната политика во Македонија. Затоа треба Јавното обвинителство повеќе да му даде третман на целото ова делување… - ЕЛЕКТРОНСКИ АЛКИ ЗА НАПАЃАЧИТЕ ВРЗ ЖЕНИТЕ: Подготвен нов закон против семејното насилство, најави Тошковски
Жената, мајката и ќерката треба да се чувствуваат најбезбедно во сопствениот дом, а надлежните институции имаат должност да преземат сѐ…
