Мицкоски додаде дека со Зоран Заев на чело на државата, шансите за поместување кон позитивно се еднакви на нула, додавајќи дека едно што е сигурно со него е тоа дека државата тоне и не создава иднина.

И треба да знаете дека со Заев на чело на Македонија шансите за било какво поместување напред се еднакви на нула. Но она што е сигурно, е дека со оваа власт државата тоне, не создава иднина и ги уништува шансите за било каков напредок, потенцираше Мицкоски.