Христијан Мицкоски се огласи по повод христијанскиот празник Бадник на својот фејсбук профил и порача дека семејеството е главниот столб и најсилниот темел за една борба и за секоја победа. Тој го прослави Бадник во најблискиот круг односно со своето семејство и обелодени кај кого се паднала паричката. Во продолжение следува неговата порака.
Семејството е најсилниот темел зад секоја борба и секоја победа. Заеднички труд за целта во која верувате.
Мајка ми го приготви лепчето, а Рози трпезата. Татко ми задолжен за кршење на бадниковото лепче, паричето падна кај Јован, а Антониј е најрадосен. Радувајте се на малите работи кои имаат големо значење за нашите животи. Христос се роди! Навистина се роди!