По повод празникот Рождество Христово – Божиќ, честитки до граѓаните од христијанска вероисповед упати грмадоначалникот на Охрид Кирил Пецаков.

Посакувам овие празнични моменти да донесат многу здравје и радост во вашите семејства и да ги исполнат вашите домови со мир и разбирање.

Нека верата во Бога нѐ исполни со надеж и позитивна мисла и нека биде наш мотив за поголемо човекољубие и меѓусебно помагање!

Да продолжиме да бидеме сплотени и заеднички да ја споделуваме божјата милост и поткрепа!

Бидете здрави, живи и бериќетни и имајте незаборавни празнувања!

Христос се роди! – Навистина се роди!

Нека е за многу години големиот празник! – стои во празничната честитка на Градоначалникот.