Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во однос на изјавата на министерот Оливер Спасовски, дека Мицкоски не може да ја реформира партијата, а не пак државата.

-Јас нема да зборувам на нивото како овој човек. Времето на политичките изманици и циркузанти помина. На народот му се потребни решенија. Мојот сон е Македонија за сите луѓе. Сон кој ќе стане јаве за неколку месеци од денес. Многу чесна работа и откажувања. Безмилосна борба со криминалците и корумпираните во политиката, одговорност…, стоп за срамот и поразите, понуда на победи и успеси. Драги пријатели, ова е нашата понуда, мојот сон за Македонија, а релноста е понудата на Заев и Спасовски. За неколку месеци од денес, вие одлучувате во каква Македонија сакате да живееме…, пишува Мицкоски на Фејсбук.