На сите припадници на влашката етничка заедница, во име на ВМРО-ДПМНЕ и во свое лично име, Ви го честитам 23 Мај – Националниот ден на Власите и ви посакувам добро здравје, многу љубов и многу среќа во Вашите семејства.

Овој ден е значаен за Влашката заедница бидејќи ја одбележува влашката култура и традиција, слогата и соживотот граден со децении наназад на територијата на Македонија. Власите во Република Македонија секогаш давале придонес во заедничкиот развој и во трасирањето на заедничката иднина.

Се надевам дека тешките мигови кои ги наметна оваа ненародна власт во време на економска неизвесност, здравствена криза и несигурност ќе поминат. Подобри денови ќе дојдат кога оваа ненародна и неодговорна власт што поскоро си замине.

Сакам да изразам надеж дека и во иднина заеднички ќе продолжиме да ја градиме нашата држава, да создаваме иднина за следните генерации.
Нека Ви е честит и за многу години 23 Мај – Националниот ден на Власите!

На сите припадници на влашката етничка заедница, во име на ВМРО-ДПМНЕ и во свое лично име, Ви го честитам 23 Мај -…

Posted by Hristijan Mickoski on Sunday, May 23, 2021