Во Македонија на 100 илјади жители од корона се починати 482 лица. Оваа бројка ја објавува американскиот институт „Хелт дата“ (Health data) и ја рангира Македонија на шесто место по смртност на 100 илјади жители во светот.

Од ВМРО-ДПМНЕ во утринското соопштение велат дека тоа не е се и дека американскиот институт анализира дека бројката на починати е два пати поголема од објавената или од официјалната бројка за која информираат надлежните во земјата.

-Значи, Филипче не само што не направи ништо во битката со короната, туку и го крие бројот на починати од корона! Секојдневно има по повеќе од десеттина починати и покрај тоа што бројките на новозаболени се намалуваат, обвинуваат од партијата.

Според „Ворлдометар“ (Worldometers) пак, Македонија на светската листа по број на починати на милион жители е четврта.

-Сомнежите за работата на Филипче, сомнежот за лажирање на бројка на починати од корона е од американски институт. Филипче кој мисли само на провизии, но не и за здравјето на граѓаните, сега и лаже за бројката на починати, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму наведуваат дека за ова министерот Филипче ќе одговара.